Упис 2026/27

Запиши се на СТШ

  • 12 Редовни студенти
  • 22 септември Конечна листа на примени
  • 6 октомври 2026 Почеток на наставата

Во учебната 2026/27 година, за следната двегодишна кохорта, СТШ ќе запише 12 редовни студенти. Подолу се документите што ви требаат, роковите и цената на студирањето.

Потребни документи

За конкурирање се потребни следните пет работи.

  1. 1 Пријава Пополнета преку онлајн формулар.
  2. 2 Диплома за средно образование За завршено четиригодишно средно образование.
  3. 3 Копија од лична карта Скенирана или фотографирана.
  4. 4 Препорака од пастор Се доставува доверливо, преку онлајн формулар.
  5. 5 Интервју со СТШ Краток разговор со училиштето.

Услов за добивање Диплома за завршени двогодишни теолошки студии е приложување на уверение за завршено четиригодишно средно образование — кога и да биде приложено уверението, без рок за истото.

Начини на студирање

Освен редовните студии, предметите на СТШ можат да се запишат и поединечно.

Редовен студент

21,700 ден годишно

Целосната двегодишна програма, со сите предмети, испити и практикум, која води до Диплома за завршени двогодишни теолошки студии.

Вонреден студент

3,500 ден по едносеместрален предмет

Запишувате еден или повеќе предмети и полагате испити, за што добивате сертификат со соодветниот број ЕКТС. Ако подоцна решите да станете редовен студент, овие кредити се префрлаат.

Студент-слушател

1,500 ден по едносеместрален предмет

Ги слушате предметите без обврски за задачи, испити и оценување. Запишувате еден или повеќе предмети и добивате потврда за слушање.

Трансфер на предмети од други теолошки програми

Студенти коишто имаат студирано теологија на други програми можат да ги продолжат студиите на СТШ и од академскиот раководител да побараат еквиваленција на положените испити.

Како се плаќа

Ова се однесува на редовните студенти. Плаќате година по година, а уписнината не е дополнителен трошок — таа е првиот дел од цената за таа година.

21,700 ден Цена за една година

Субвенционирана — 65% попуст од реалните трошоци.

минус
6,200 ден Уписнина

Се плаќа прва, најдоцна до почетокот на годината. Неповратна, но се одбива од цената.

еднакво на
15,500 ден Ви останува да платите

За таа учебна година — на повеќе рати.

  • Втората година се плаќа на истиот начин, така што целата двегодишна програма изнесува 43,400 ден.
  • Уписнината е неповратна ако студентот или студентката одлучи да го престане студирањето.
  • При уписот е потребно да се склучи договор за студирање со СТШ.
  • СТШ, во рамките на можностите, може да понуди ограничен број попусти (фамилијарни и др.).
  • Вонредните студенти и студентите-слушатели немаат уписнина — тие ја плаќаат целата цена на предметот однапред.

Формулари за пријава

Пријавувањето оди преку онлајн формулари. Кои од нив ви требаат зависи од тоа како сакате да студирате.

Апликација за двегодишни студии

За редовни студенти. Ја пополнува кандидатот.

Отвори го формуларот

Доверлива препорака од пастор

Оди заедно со апликацијата за двегодишни студии. Ја пополнува вашиот пастор, не вие.

Отвори го формуларот

Пријава за поединечни предмети

За вонредни студенти и студенти-слушатели. За овој начин не е потребна препорака од пастор.

Отвори го формуларот
Прашања за уписот?

Јавете ни се

Ако нешто не ви е јасно — документите, роковите, плаќањето на рати или попустите — пишете ни или јавете се. Со задоволство ќе ви помогнеме.

Е-пошта info@sst.mk
Адреса Булевар Илинден бр. 9
Скопје 1000, Северна Македонија
Телефон +389 70 252 982