За нас

Кои сме ние

Грбот на Скопската теолошка школа — отворена книга со зборовите „Во почетокот беше Словото“ над Каменот Мост во Скопје

Скопската теолошка школа (СТШ) е истражувачки и теолошки дел од Евангелскиот теолошки институт – Куманово. Подолу се нашата визија, нашата мисија и она во што веруваме.

Визија, мисија и што веруваме

Визија

Визијата на Скопска Теолошка Школа е холистичко, теолошко образување на христијански служители во црквата и општеството кои ќе служат на повеќе начини и во различни контексти, онака како што Бог ги повикува, за унапредување на Царството Божјо и за Божја слава.

Мисија

Нашата мисија е да подигнеме водачи под 30 години и да обезбедиме квалитативен исчекор за водачите постари од 30 години од сите евангелско-протестантски деноминации и локални цркви, преку создавање контексти погодни за таа цел, како теолошки програми и предавања, практикум, викенд-школи, специјализирани конференции и менторско водство.

Што веруваме

Теологијата на Скопската Теолошка Школа е првенствено вкоренета во Библијата, во Светото Писмо. Дури потоа, таа е вкоренета во никејско-цариградското вероисповедање, во евангелските, библиски фундирани сведоштва на Црквата низ вековите, како и во историската евангелско-протестантска теологија сумаризирана во Лозанскиот Завет.

Скопската Теолошка Школа има за цел да даде придонес за унапредувањето на евангелската мисија преку која Христос ќе биде објавен на сите јазици, во сите култури и во секое животно поле во Македонија, на Балканот и низ целиот свет.

Водство

Кој ја води школата

НГ
Раководител на програмата м-р Никола Галевски
ЈЈ
Академски раководител д-р Јован Јоновски
Придружи ни се

Подготвени сте за следниот чекор?

Разгледајте ја двегодишната теолошка програма или пријавете се за академската 2026/27 година.