Скопска Теолошка Школа

Теологија Мисија Водство

Камен Мост во Скопје на зајдисонце

Целта на Скопска Теолошка Школа е теолошко образување на христијански служители во црквата и општеството кои ќе служат на повеќе начини и во различни контексти — онака како што Бог ги повикува, за унапредување на Царството Божјо насекаде.

Теологија

Првенствено вкоренети во Светото Писмо, а потоа во никејско-цариградското вероисповедање, во сведоштвото на Црквата низ вековите и во Лозанскиот Завет.

Мисија

Христос објавен на сите јазици, во сите култури и во секое животно поле — во Македонија, на Балканот и низ целиот свет.

Водство

Подготовка на служители за малите групи, црквите, мисијата и специјализираните служби.

Настава • менторство • практикум • завршен труд

Двегодишна теолошка програма

Препознавајќи ги предизвиците и комплексноста на современото живеење и обврски, СТШ нуди двегодишна програма со двосеместрални, едносеместрални и конференциско-модуларни предмети кои можат да се следат во живо, онлајн или преку снимки од предавањата. Во текот на студирањето секој студент ќе има поддршка од наставниот кадар, администрацијата, како и менторство од пасторот на локалната црква или водачот на организацијата. Ваквото образование ќе кулминира со завршен пишан труд изработен со поддршка на ментор.

Погледни ги предметите
м-р Никола Галевски, раководител на програмата на Скопската теолошка школа
Нашите предавачи

Пастори, мисионери и академци

Предавачите на СТШ се служители и академски активни со децении. Тие се универзитетски професори, пастори, мисионери, евангелизатори, писатели и експерти во својата област, свесни за предизвиците и со свој придонес за ширење на Евангелието во современиот македонски и светски контекст.

Запознај ги предавачите
НГ
Галевски Раководител
ЈЈ
Јоновски Академски р.
ФЏ
Џексон Мисиологија
+6
и други Вкупно 9 предавачи
Контакт

Поврзи се со нас

Имате прашање за програмата, уписот или посета на СТШ? Пишете ни или јавете се.

Е-пошта info@sst.mk
Адреса Булевар Илинден бр. 9
Скопје 1000, С. Македонија
Телефон +389 70 252 982