Теолошка програма

Двегодишна теолошка програма

  • 2 години
  • 120 ЕКТС
  • во живо · онлајн начин на следење

Програмата на СТШ е прилагодена за подготовка на евангелски христијански водачи, верни на Троединиот Бог и на учењето на Господ Исус Христос и апостолите, и на никејско-цариградското вероисповедание, во современ балкански и глобален контекст.

Формати на настава

Двосеместралните и едносеместралните предмети се одржуваат секоја втора седмица — разликата е во тоа колку долго траат. Секој предмет подолу е означен со својот формат: (Д), (Е) или (К).

Д

Двосеместрални

Една вечер секоја втора седмица, во текот на двата семестра — цела учебна година.

Е

Едносеместрални

Термин од 3 часа секоја втора седмица — истиот ритам, но во текот на еден семестар.

К

Конференциско-модуларни

Поинаков распоред — интензивно, во 1–3 цели денови.

Предмети

Прва година

60 ЕКТС вкупно
  • Д Вовед во Библијата м-р ГалевскиСилабус (PDF) 15 ЕКТС
  • Д Македонски културно-историски текови м-р Маџаровски, м-р Галевски, д-р Јоновски и др.Силабус (PDF) 15 ЕКТС
  • Е Вовед во историја на црквата д-р ЈоновскиСилабус (PDF) 6 ЕКТС
  • Е Вовед во теологија д-р ГеоргиевскиСилабус (PDF) 6 ЕКТС
  • Е Црквата и социјалната работа ИвановСилабус (PDF) 6 ЕКТС
  • К Мисија м-р ЏексонСилабус (PDF) 3 ЕКТС
  • К Академско пишување д-р Јоновски, м-р Маџаровски 3 ЕКТС
  • К Изборен предмет 3 ЕКТС
  • К Изборен предмет 3 ЕКТС

Втора година

60 ЕКТС вкупно
  • Е Христијанска мисија / Историја и мисија на Евангелско-протестантските цркви во Македонија д-р ЈоновскиСилабус (PDF) 6 ЕКТС
  • Е Духовна формација д-р Напиер, КалиновСилабус (PDF) 6 ЕКТС
  • Е Вера и наука проф. д-р АлексовскаСилабус (PDF) 6 ЕКТС
  • Е Библијата како Света Книга и литература м-р Маџаровски 6 ЕКТС
  • Е Контекстуална мисија м-р Галевски 6 ЕКТС
  • К Изборен предмет 3 ЕКТС
  • Практикум 12 ЕКТС
  • Завршен труд 15 ЕКТС

Конференциско-модуларни изборни предмети

Изборните предмети се избираат од следниве конференциско-модуларни курсеви:

  • Музичко славење
  • Проповедништво
  • Правната положба на верските заедници во Македонија
  • Црковна администрација
  • Христијанско водство
  • Работа со деца
  • Евангелизација

Обем на работа по предмет

Секој предмет има четири задолжителни сегменти:

  1. 1 Предавања Слушање на предавањата по предметот.
  2. 2 Читање Зададено читање од минимум 200 страни.
  3. 3 Испит Испит со формат определен од професорот.
  4. 4 Практикум Употреба на стекнатото знаење или вештина во реален црковен и пара-црковен контекст.

Начини на студирање

Освен редовните студии, предметите на СТШ можат да се запишат и поединечно.

Редовен студент

21,700 ден годишно

Целосната двегодишна програма, со сите предмети, испити и практикум, која води до Диплома за завршени двогодишни теолошки студии.

Вонреден студент

3,500 ден по едносеместрален предмет

Запишувате еден или повеќе предмети и полагате испити, за што добивате сертификат со соодветниот број ЕКТС. Ако подоцна решите да станете редовен студент, овие кредити се префрлаат.

Студент-слушател

1,500 ден по едносеместрален предмет

Ги слушате предметите без обврски за задачи, испити и оценување. Запишувате еден или повеќе предмети и добивате потврда за слушање.

Трансфер на предмети од други теолошки програми

Студенти коишто имаат студирано теологија на други програми можат да ги продолжат студиите на СТШ и од академскиот раководител да побараат еквиваленција на положените испити.

Како се плаќа

Ова се однесува на редовните студенти. Плаќате година по година, а уписнината не е дополнителен трошок — таа е првиот дел од цената за таа година.

21,700 ден Цена за една година

Субвенционирана — 65% попуст од реалните трошоци.

минус
6,200 ден Уписнина

Се плаќа прва, најдоцна до почетокот на годината. Неповратна, но се одбива од цената.

еднакво на
15,500 ден Ви останува да платите

За таа учебна година — на повеќе рати.

  • Втората година се плаќа на истиот начин, така што целата двегодишна програма изнесува 43,400 ден.
  • Уписнината е неповратна ако студентот или студентката одлучи да го престане студирањето.
  • При уписот е потребно да се склучи договор за студирање со СТШ.
  • СТШ, во рамките на можностите, може да понуди ограничен број попусти (фамилијарни и др.).
  • Вонредните студенти и студентите-слушатели немаат уписнина — тие ја плаќаат целата цена на предметот однапред.
Спремни за упис?

Започни ја својата подготовка за служба

Сè за уписот, документите и цената е на страницата за упис. Пишете ни за прашања околу програмата.